5798cc3fc4618894598b45e1

Теренот за патување во Норвешка е прилично тежок. За да се стигне од едно до друго место оддалечени неколку стотици километри, за што на нормален терен би биле потребни неколку часа, во Норвешка може да трае со денови.

Причината за ова е поради тоа што теренот е пресечен со фјордови и со лоши услови. Фјордовите оневозможуваат директно патување, а лошите услови го отежнуваат или оневозможуваат патувањето со возило на одредени места и ги присилуваат луѓето да патуваат преку ферибродови, што одзема огромно количесто време за натоварување, патување и истоварање.

Инженерите на Норвешка сметаат дека конечно имаат решение кое ќе овозможи далеку побрзо патување низ ваквите природни услови, а тоа е – пловечки подводни тунели.

5799d649c4618878698b45eb

Се работи за тунели кои ќе бидат изработени од многу квалитетни и цврсти материјали, но на таков начин што ќе можат да „пловат“ под вода со помош на пловки. Тие ќе бидат закачени на дното, а низ нив ќе поминува собраќајот непречено. Нивната поставеност под вода ќе ги направи имуни на многу од надворешните негативни услови како снег, бури и екстремно сончево зрачење, а трошењето на материјалот ќе биде сведено на минимум преку оддржување на постојана температура врз него.

Идејата е овие тунели да влегуваат во морето на различни позиции каде обично се патува со фериброд и така да го скратат времето на чекање на брод и сè останато што следи со ваквиот тип на транспорт. Така, патувањето од Кристијансанд до Трондхајм би требало да се скрати од 21 часа на 10 часа, што е скратување за повеќе од 50%!

Првата ваква структура (на сообраќајната лента меѓу Опедал и Лавик) ќе биде направена од 2 парчиња тунел долги по 1.200 метра кои со пловки ќе бидат оддржувани на површината. На површината ќе има големо растојание меѓу пловките за да можат непречено да поминуваат бродови.

Морам да кажам дека ова е интересно решение, а штом Норвешка се зафатила да го работи значи дека веќе веројатно е испитано како ефикасно и на крајот ќе донесе до напредок во сообраќајот во оваа нордиска земја.

Дополнителни информации: RT, TheNextWeb, Inquirer

Претходна статијаGalaxy Note 7 – збир на се ново што Samsung претстави последниве неколку години
Следна статијаWindows 10 Anniversary Update почна да станува достапна за корисниците