Ако немате простор во вашиот дом за градина, а сакате свежо домашно овошје и зеленчук Niwa, е одлично решение за вас. Niwa е автоматизирана домашна градина со која може да одгледувате свежо, без хемикалии овошје и зеленчук на било кое место во вашиот дом.

cb2

Niwa користи голем број на сензори и актуатори со цел да создаде перфектна средина за растенијата да растат здрави и силни. Таа ја контролира температурата, влажноста и светлината и автоматски системот ги наводнува растенијата кога има потреба за тоа.

cb1

Оваа автоматска градина е составена од хидропонски систем со кој се контролира нивото на водата, грејач, паметно осветлување, вентилација и контрола на влажност за одржување на совршена средина за растенијата. Бидејќи различни растенија имаат различни потреби, има голем број на стабилизатори за растенија како домати, јагоди, босилок, нане, магдонос , па дури и за различни видови цвеќиња.

Иако овие функции се автоматски, сепак е потребна ваша помош системот да го следи развојот на растенијата. На пример ќе морате на системот да му дадете до знаење кога е расцветано цвеќето преку апликација компатибилна за iOS и Android. Па преку Wi Fi ќе можете да видите кога вашето растение ќе созрее, но сепак за искусни градинари има можност за самостојно контролирање на оваа автоматизирана градина.

cb

Niwa ќе биде достапна во 2 големини, помала за билки и мали растенија и поголема за поамбициозни градини и тоа за цени од 249 и 299 долари. На Kickstarter се уште се собираат средства, но минимумот за успешност на проектот е надминат.

Извор: Cnet

Претходна статијаiOS 8 официјално претставен на WWDC 2014
Следна статијаInfinit е новиот стандард за споделување фајлови