body-transfer

Денес скоро сите нови уреди имаат можност за безжично поврзување и воедно безжично отклучување/заклучување преку W-Fi, Bluetooth или некој друг тип на конекција. На пример, кај новите автомобили треба само да го имате клучот од вашиот автомобил во џеб за да ја отклучите вратата – преку безжична комуникација автомобилот и клучот знаат кога се близу еден до друг и се што треба е возачот да ја допре кваката за да автомобилот се отклучи.

Вакви можности почнуваат да се вградуваат и во многу други сфери од нашиот живот, како бесконтактно плаќање со нашиот паметен телефон или отклучување на лаптопот само доколку вашиот паметен телефон или часовник е во близина. Сепак, овој начин на отклучување е прилично небезбеден, бидејќи колку и да е заштитен, праќа дел од информациите како на пример вашата лозинка, наоколу.

on-body-graphic-copy

Поради тоа, научници од Универзитетот во Вашингтон најдоа начин да ги пренесат овие податоци преку вашето тело. Сите ние многу добро знаеме дека нашето тело е спроводник на електрична енергија, што е идеално во овој случај. Новиот начин на пренесување преку телото има брзина од 50 битови во секунда за лаптоп тачпад или 25 битови во секунда за сензор за отпечатоци на прсти, што е доволно за лозинки, но научниците велат дека брзината може да биде многу поголема и да се користи и за други апликации.

Пренесувањето на податоците се врши преку електромагнетна трансмисија со многу ниска фреквенција, која не е возможно да се фати безжично од друг уред во околината. Ова би изгледало вака во реалниот свет – за да отклучите некоја паметна врата, било дали е од вашиот автомобил или дом, треба со една рака да го држите читачот за отпечатоци на прсти од вашиот телефон во едната рака и кваката во другата рака. На овој начин лесно би можело и да се врши плаќање со вашиот телефон и ред други можности.

Извор: Engadget, Digital Trends, Vocativ

Претходна статијаLenovo не планира Windows 10 телефони бидејќи Microsoft не е посветен на платформата
Следна статијаOneDrive ќе ги прикажува сите датотеки во Windows 10, дури и ако не се синхронизирани