Светот на комерцијалните летови нема видено авион кој може да лета со брзина поголема од таа на звукот од 2003, кога официјално беше повлечен од работа легендарниот Concord. Дури и до тогаш може да се каже дека суперсоничните летови беа ретки, со оглед на цената на летовите со Concord, но и неговите ограничени дестинации.

NASA заедно со Lockheed Martin работат на повторно враќање на суперсоничните летови за широките маси. За разлика од Concord, тие работат на авион којшто ќе може да лета со суперсонична брзина и додека е над населени места.

За таа цел тие развиваат и тестираат потивки летови преку технологијата која тие ја нарекуваат Quiet Supersonic Technology, односно QueSST. Оваа технологија овозможува значително помал соничен „бум“ кој иако повторно мора да го има, тој не би требало да се забележува, а сигурно нема да биде силен како кај досегашните авиони.

Начинот на којшто се постигнува оваа цел е преку нов дизајн на леталото, кое како што можете да видите и на сликата, е долго и тенко, со што се овозможува најмал што може отпор од воздухот. Кога ќе се земе во предвид дека сониниот бум се случува поради големата брзина на движење низ воздухот, намалувањето на отпорот го намалува звукот којшто се испушта при летањето.

Авионот кој е наречен X-59, треба да биде спремен за тест летови до 2021 година. Тогаш од NASA планираат прелетување над населени места со цел да се тестира звукот, односно дали населението ќе може да го слушне и колку силно.

Доколку сето ова помине како што треба, можеме да очекуваме враќање на суперсоничните летови во наредните 10 години, па повторно летовите кои се подолги да се скратат за повеќе часови.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2Geek
Претходна статијаДва македонски тимови во топ-100 на глобално ниво на IEEExtreme
Следна статијаGoogle патентира моторизирани и повеќенасочни чевли за виртуелната реалност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.