Основачот на Tesla, Елон Маск е убеден дека најголемата закана за човештвото во иднина е да бидеме заменети од страна на роботи. Според него единствено решение во ваквиот случај е ние самите да станеме еден вид на роботи. Тој на светскиот самит во Дубаи изјави дека спојувањето помеѓу луѓето и машините е следниот логичен чекор во еволуцијата на нашата планета. Примерот кој што Маск го посочува се однесува на брзината со која комуницираат машините, односно луѓето помеѓу себе.

Машините помеѓу себе комуницираат со брзина од еден трилион битови во секунда, додека пак луѓето со десет бита во секунда. Ова според Маск може да се реши само преку поврзување на човечкиот мозок со компјутер. На некој начин веќе се започнати првите фази од оваа визија, не преку директна поврзаност на човечкиот мозок со машина, туку еден вид на индиректна поврзаност. Тоа се напредните дисплеи HUDs како оние кои се направени за кацигите на F-35 борбените авиони или Nuviz AR моторциклите.

Доколку сето ова се оствари, иднината ќе наликува на футуристичкиот филм Матрикс. Според Маск доколку не можеме да ги победиме машините во иднина, ќе треба да им се придружиме, односно да станеме како нив. Спојувањето на биолошката и технолошката интелегенција во иднина, најверојатно ќе биде единствениот логичен пат по кој ќе се движи еволуцијата на земјата.

Извор: TheNextWeb

Претходна статијаАндроид апликацијата за новости Мој Весник достигна 12.000 симнувања
Следна статијаiPhone 8 ќе има револуционерна предна камера за 3D селфија