Автономните возила сигурно ќе бидат главниот начин на превоз, барем на јавниот превоз, во не толку далечна иднина. Повеќе компании развиваат ваква технологија, а со развојот на вештачката интелигенција само прашање на време е кога ваквите возила ќе добијат зелено светло од властите во повеќе градови во светот.

Финска ќе биде една од првите земји која ќе воведе јавен превоз со автономни возила. Нивната компанија Sensible 4 веќе работи на систем за автономно управување на возила кој се истакнува по тоа што е развиван во временските услови достапни во оваа северна земја.

Поточно, системот е направен да биде меѓу ретките кои можат да го управуваат возилото во секакви временски услови, односно во услови на дожд, снег, магла, невреме и слично.

Оваа компанија во соработка со јапонската компанија Muji го претставија своето прво автономно возило наменето за јавен превоз. Се работи за минибус кој е направен да изгледа навистина интересно.

Овој минибус може да собере до 10 патници, односно 10 кои ќе можат да седнат и уште 6 кои ќе можат да стојат.

Возилото треба да започне да вози по улиците на Хелсинки од идната година како дел од тест на оваа технологија која треба да станува се повеќе користена, односно помасовно користена.

ИЗВОРDesign Boom
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаЕден круг низ градот?! – Пријави се на Скопје на точак
Следна статијаЗаштита на паметните телефони: Потребно е препознавање на лицето и еден отпечаток за вашите податоци да бидат посигурни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.