Во рамките на Lenovo Tech World ‘23, Motorola повторно излезе со интересен концепт кој вклучува уреди кои се превиткуваат и го поставуваат прашањето за можноста да прерасне во вистински производ на пазарот.

По сличниот ваков концепт од 2016, компанијата која од 2014 е во сопственост на Lenovo, сега излезе со нов, доста пореален поради достапната технологија, концепт на речен „adaptive display“.

Се работи за на прв поглед класичен смартфон кој работи на Android. Истиот сепак може да се превиткува во неколку позиции, а последната е доволно за да може да се постави околу зглобот на раката и да се користи како еден вид паметен часовник.

Уредот е направен со pOLED екран кој има големина од 6,9 инчи и резолуција од FHD +. Кога се превиткува за да се постави на масата, на пример, се искористуваат 4,6 инчи од екранот, а корисниците со тоа ги добиваат дел од предностите од класичните смартфони на преклоп, како што е RAZR од компанијата.

Со оглед на тоа дека се работи за концепт, не би очекувал да го видиме овој уред во продажба, па од Motorola и Lenovo сигурно на овој начин сакаат да покажат на што се работат и какви се нови идеи имаат.

Од компанијата презентираа и новини поврзани со вештачката интелигенција, како што се можноста да се направи позадината за телефонот од слика од облеката која ја носи корисникот, како и развојот на персонален асистент наречен MotoAI.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Motorola
Претходна статијаСатја Надела на излегувањето на Microsoft од пазарот на мобилни гледа како на стратешка грешка, односно погрешна одлука
Следна статијаПретставена Xiaomi 14 серијата, прва со Snapdragon 8 Gen 3 и новиот Xiaomi HyperOS оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.