Од официјалното претставување на Motorola moto z3 и 5G moto mod порано оваа година, се до денес, продолживме да работиме со нашите партнери, со цел да ја претвориме иднината на 5G во реалност уште во 2019 година. Оваа недела одбележавме уште еден голем чекор напред кон исполнувањето на таа цел.

Користејќи ја комерцијалната радио мрежа 3GPP 5G New Radio (NR) во Провиденс, Роуд Ајленд и 28 GHz фреквенција на Verizon, успеавме да го реализираме првиот успешен тест за пренос на податоци со Motorola moto z3, споен со 5G moto mod™. Овој успешен тест беше реализиран со истиот уред кој корисниците ќе го користат во 5G мобилната мрежа на Verizon. Ова е едно од редот достигнувања во областа на 5G на Verizon и неговите партнери во текот на последните неколку месеци на патот кон обезбедување на 5G мобилни услуги во 2019 година.

Поврзан со 5G модулот, Motorola moto z3 ќе биде првиот смартфон во светот кој ќе има пристап со 5G мрежата на Verizon. Тоа ќе го означи почетокот на нова ера во видео забавата, поврзувањето на интелигентни уреди во домот, работа од далечина и гејминг во AR и VR средина. 5G moto mod™ се напојува со Qualcomm® Snapdragon ™ X50 модем и користи QTM052 mmWave антенски модули.

Овој успех доаѓа буквално неколку дена по CES 2019 Innovation Honoree Awards, наградата за иновација  која Motorola moto z3 и 5G moto mod™ ја добија во категоријата “Безжични уреди, аксесоари и услуги”. Наградата се доделува за 28 категории на производи и наградува производи кои истовремено се одликуваат со исклучителна елеганција, дизајн и технолошки квалитети.

Претходна статијаЗакерберг наводно наредил да се користат само Android смартфони по критиките од Тим Кук
Следна статијаКомпанијата Samsung добитник на 30 “CES 2019“ награди за иновации за неверојатен дизајн и инженерство