Сигурно многу пати сте посакале да имате извор на електрична енергија и тогаш кога сте надвор на отворено, односно во природа. Покрај решенијата кои ги нудат соларните полначи, постои и микро турбина на ветер која ја врши истата задача. Оваа микро турбина е одлична за кампување, особено за алпинисти кои можат да го искористат силниот ветер на планините. Турбината може да се склопи за неколку минути и го користи дури и најмалото струење на воздухот за да генерира електрична енергија. Дизајнирана е од страна на Nils Ferber.

Модерното време ни налага секојдневно, а особено при кампување, со нас да носиме смартфони, дигитални камери, и други електронски уреди за кои што ни е потребна електрична енергија. Микро турбината е со големина на чадор, и во средината има вградена батерија со USB излези за полнење. Оваа турбина може да произведе 5 вати електрична енергија на ветер со брзина од 18 километри на час. Една од најважните работи е што таа енергија може да биде складирана во 24 Wh батерја и да се користи по потреба.

Иноваторот Nils Ferber вели дека за ефективна мала турбина на ветер од овој тип, потребно е истата да биде што е можно полесна, со цел нејзиниот транспорт да не преставува проблем уште во самиот старт од патувањето. Од друга страна, нормално и ефикасноста да биде на највисоко ниво. Според него, производот е се’ уште премногу комплексен за да се почне со негово сериско производство. Ferber вели дека бара соработници со кои што ќе продолжи да ја развива неговата иновација.

Извор: DigitalTrends, Silodrome

Претходна статијаApple ќе ја одржи WWDC конференцијата од 5-9 јуни, ќе зборува за иднината на iOS и Mac OS
Следна статијаMicrosoft ги одложи стандардните „закрпи“ за Windows за еден месец