mercedes-benz-future-bus-citypilot-daimler-netherlands_dezeen_936_14

Автономните возила се предмет на новата технолошка хистерија. Сите производители зборуваат или најавуваат технологии кои се однесуваат на автономните возила или кои треба да доведат до нивното воведување на пазарот.

Mercedes не е наивен играч, та и тие би сакале да заграбат дел од потенцијалниот колач. Нивниот концепт, меѓутоа, е насочен кон јавниот транспорт т.е. кон автобускиот транспорт.

Mercedes Future Bus

Запознајте се со Future Bus, автобус кој нема да има возач. Покрај тоа, во својата внатрешност ќе биде опремен со напредни технолошки решенија кои тек сега се воведуваат во јавниот транспорт, како безжична мрежа и безжично полнење на преносни уреди. Покрај тоа ќе има и широк простор за патниците како и футуристички дизајн.

Автобусот ќе биде автоматизиран, а ќе биде и директно поврзан со семафорите за да може да препознае кога е запалено зеленото светло. Секако, на него ќе бидат поставени и 12 камери кои ќе ја набљудуваат околината за да ги препознаат околните објекти, ознаките на патот, закани за возењето и слично, краткодометни радари и GPS уред. За жал, тоа ќе значи и крај за весели возачи кои си потпевнуваат турбофолк „евергрини“.

Mercedes успешно го истестира тест-моделот на 19-километарската патека во близина на Амстердам, која вклучувала мешан сообраќај, пристап до аеродром, наменски автобуски ленти и тунел, како што може да се види на видеото. Секако, овие сценарија не ги вклучуваат сите околини во кои може да се најде еден автобус, особено ако се наоѓа во некоја балканска земја.

Сега тие се надеваат дека ќе можат наскоро да го лансираат во јавност нивниот автобус како би навлегол на пазарот уште на почетокот на развитокот на оваа индустрија, од која се очекува вистинска експлозија. Веќе во тестирање се наоѓаат понекој автономен автобус од компанијата Local Motion во Вашингтон, а во Калифорнија ќе се тестираат и автономни автобуси кои ќе доаѓаат до патникот (покрај стандардните станици на кои обично доаѓаат патниците) и ќе го носат точно до неговата посакувана дестинација.

Дополнителни информации: PCMag, The Verge, Dezeen

Претходна статијаПрви слики од LG V20, ќе има 32 – битен аудио засилувач
Следна статијаGalaxy Note 7 ќе има верзија со 6GB RAM и 128GB простор за податоци