Компанијата Mercedes-Benz соопшти дека комплетно ќе го електрифицира своето производство до 2022 година. Тоа ќе значи дека сите возила произведени од Mercedes-Benz ќе бидат делумно или комплетно со електричен погон.

Ваквата реакција доаѓа откако властите во Кина, најголемиот пазар за автомобили во моментов, разгледуваат опции за намалување на загадувањето, а кои евентуално вклучуваат комплетна забрана за користење на фосилни горива.

Според наводите од компанијата до 2022-ра година, Mercedes ќе понуди комплетно електрифицирани или хибрид возила од своите постоечки модели, како и 50тина нови варијации, додека брендот Smart ќе премине кон целосна електрификација веќе во 2020-та. Тоа ќе значи дека Mercedes-Benz го следи трендот кој го диктираат останатите компании од конкуренцијата на чеlо со Volvo, но и некои подбрендови на Ford.

Глобалниот тренд всушност го диктира Кина, која како што веќе споменавме, сериозно работи на донесување регулативи со кои се очекува да биде комплетно забрането продавањето на возила кои користат фосилни горива. Слични мерки се очекуваат и од Велика Британија и Франција, меѓутоа на подолг период.

Извори: TechCrunch, Electrek

Претходна статијаПотврдена локацијата за одржување на промотивниот настан на Apple
Следна статијаXiaomi Mi Note 3 е поголема, делумно послаба верзија на Mi 6