photo-original

Кожата на лицето секојдневно е бомбардирана со неколку извори на оштетувања, како сончевата светлост, загадување, чад, лоша исхрана, замор и така натаму. Нашите читателки понекогаш употребуваат различни т.н. маски кои имаат за цел да ја потхранат кожата, да и` помогнат да се обнови и да ги исфрли отпадните материи, што резултира во релативно помлад изглед.

Ваквото ставање на маски често не е целосно ефикасно бидејќи ако е самоприменето корисничките не знаат каква точно им е кожата и дали некоја конкретна маска одговара за нив. За да помогне во тоа напомош доаѓа MAPO.

MAPO е маска за лице која во исто време може да врши повеќе функции, а две се главни. Едната е аналитика. Имено, на маската има стратешки поставени сензори кои испитуваат различни карактеристики на вашата кожа, како влажност, еластичност и така натаму. Овие информации ги испраќаат до мобилната апликација која пак ви дава совети за тоа каква точно маска да направите која би одговарала совршено на вашата кожа и нејзината моментална состојба.

Од друга страна, маската во себе има т.н. „забрзувач“ на апсорбирањето на материјата која сте ја нанеле врз лицето. Тоа го прави преку употребата на греачи на самата маска кои ја подигаат температурата и со тоа ја зголемуваат апсорпцијата (процес кој не функционира за сите типови на маски).

Изработката на маските е исто така интересно. Корисникот го снима своето лице преку апликацијата од повеќе агли, а инженерите преку 3Д мапирање го претвораат во 3Д маска која потоа совршено ви одговара и не е непријатна за носење. Испитувањето на состојбата на кожата трае само 1 минута, а маската ќе можете да ја користите теоретски „бесконечно“ (додека не се расипе или не ја надраснете).

Ако сте заинтересирани да ја нарачате, Kickstarter кампањата е во полн тек која ви нуди една MAPO маска за 199 долари.

Извор: Allure, Kickstarter: Mapo

Претходна статијаСмартпортал неделник 21 – 27 декември 2015
Следна статијаЗошто е толку тешко да се „откачите“ од Facebook?