Британската компанија Zelim, како дел од неколку технологии кои ги развива за поморски спасувања, развива и посебни беспилотни возила кои би се користеле во ситуации кога е опасно да се испрати екипа. Ова би придонело спасувачката мисија да започне веднаш, нешто што е многу важно за шансите да се најдат преживеани луѓето.

Две возила се развиваат за оваа намена, едното наречено Guardian кое е замислено да се пушта од бродови, а другoтo Survivor кое би можело да биде достапно на бреговите 24/7/365 и веднаш да реагира по потреба.

Возилата се беспилотни и се контролирани од друга локација, а главната предност им е што не се ризикуваат луѓе при обидите за спасување во опасни ситуации, како што се тешки временски услови, на пример.

Guardian може да собере до 9 лица, што го прави доста погодно и за поголеми спасувачки мисии. Двете возила доаѓаат со технологијата која ја развива Zelim и која со помош на вештачката интелигенција ги пронаоѓа лицата кои треба да бидат спасени. Оваа технологија посебно доаѓа до израз кога условите не овозможуваат добра видливост, како полоши временски услови и високи бранови.

Уште едно решение кое го развиваат од компанијата и е патентирано, наречено Swift, овозможува лесно качување на луѓето во возилата преку лента која се движи, што значи дека луѓето се што треба е да дојдат доволно блиску и да се постават на лентата.

Од Zelim најавуваат дека возилата се планира да бидат претставени оваа година и да започнат со реални тестирања за да може да бидат пуштени во употреба.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMicrosoft ќе овозможи корисниците да изберат побрзо да ги добиваат новите надградби на Windows 11
Следна статијаWhatsApp овозможи поврзување на неколку телефони на истата сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.