Converted_file_1cd243e1

„Враќање во иднината“ – неверојатно инспиративен филм за цела легија од иноватори и научници кои го гледале овој серијал во 80-тите и 90-тите. Во серијалот беа прикажани еден куп технологии кои полека, но сигурно стануваат стварност.

Еден пример е летечкиот скирол кој веќе го остваруваме, друг пример се самоврзувачките патики кои исто така ги остваривме како човештво, а сега само што ќе се оствари концептот за јакната која сама се суши (прикажана во „Враќање во иднината 2“).

Која е идејата? Ако ви е натопена јакната поради дожд или сте паднале во вода како Марти Мекфлај, место да ја закачувате некаде и да ја чекате да се исуши цел ден, сега можете просто да притиснете копче и таа за една минута е исушена.

Во нејзе има лесни батерии, вентилатори за воздух и цевки кои при вклучување испумпуваат воздух со голема брзина, така сушејќи ја. Јакната е направена од најлон со синтетичка изолација што овозможува да не задржува вода или други течности покрај ова.

Ако сакате да си нарачате вакво парче облека за да го споите со летачкиот скирол и самоврзувачките патеки, насочете се кон Кickstarter кампањата за групно вложување и вложете 149 долари.

Извор: Mashable, Refinery29, Kickstarter

Претходна статијаПоддршката за екстензии на Microsoft Edge доаѓа наскоро ?
Следна статијаСветските емисии на стакленички гасови можеби конечно покажаа знаци на намалување