intel_thumb

Нели ви е веќе здосадено да користите тастатура и глушец за да го управувате компјутерот? Да, за некои работи тие се најдобрата варијанта за управување. Од друга страна се појавија екраните осетливи на допир кои имаат свои недостатоци: не можат да се користат ако екранот се наоѓа пред вас, не можат да се користат со (обични) ракавици, ве тераат да го виткате вратот надоле за да гледате во екранот…

За да ги реши овие проблеми Intel работи и ја развива својата најнова технологија наречена RealSense. Во основата, се работи за 3Д камера која може да сфати каде се наоѓа и движи вашата рака и прсти и тоа да го пренесе во команда на компјутерот.

Дополнително системот може да се користи за автентикација без да мора да внесувате лозинка. Може да се искористи за скенирање на 3Д објекти кои потоа би можеле да се отпечатат со 3Д печатач. Дополнително, RealSense ќе може да се смести и во преносните уреди, а засега е успешно сместена во 6-инчен Андроид телефон.

Главната функција е управувањето со софтверот преку гестикулации кои не се базираат на мрдање физички објекти. Вртењето на и низ страници со пафтање на рацете или прстите лево-десно, горе-доле и напред-назад, монтирање на видео без глувче, или пак настап со електронски инструменти преку ваква интеракција – можностите се безконечни.

Инаку, сличен ваков производ наречен Leap Motion веќе постои на пазарот, но се базира на ултразвук, а не на 3Д камера. Да спомнеме и дека е далеку побезбеден за вашата приватност бидејќи нема можност да ве сними.

Извор: 3ders, Mashable, AFR

Претходна статијаНовиот ултра широк и заоблен монитор на Acer има графичка технологија на AMD
Следна статијаWindows 10 ќе биде достапен етапно, први на ред се Windows Insider корисниците