По долгогодишното игнорирање на пазарот за електрични автомобили и хибриди, изгледа дека Hyundai конечно се откажа од таквиот став. Не само што се откажа туку активно ја превзема другата страна на паричката, со претставување на неколку електрични возила, од кои и ново хибридно возило.

Возилото ќе се вика Ioniq, а воведува неколку новитети за купувачите. Имено, ќе можете да си одберете една од двете хибридни варијанти – со бензински мотор и електрични мотори или целосно електрично возило со можност да се полни од надворешен извор на енергија. Електричната енергија ќе се складира во литиум-јонска батерија, што во првата варијанта треба да доведе до потрошувачка од 4,5 л/100 км, споредливо со Toyota Prius.

Во секој случај возилото ќе биде хибрид, па според Hyundai ќе придонесуваат за зачувување на околината. Надворешниот дизајн е типичен за „купе“ возилата, а внатрешнината ќе биде уредена со материјали кои се пријателски кон околината, без гужва и непотребни делови.

20151216104554

Ioniq ќе биде претставен во Кореа во Јануари, а набрзо потоа треба да биде достапен за европските и американските пазари. Се` уште не се знае како ќе биде прифатен, но судејќи според дизајнот и квалитот на изработка кој може да се очекува од Hyundai, веруваме дека Ioniq ќе биде импресивно возило кое со уживање ќе го возите (веројатно откога ќе се помирите со огромната дупка во личните финансии).

Извор: Engadget, Paultan

Претходна статијаСамо Samsung ќе може да го користи Snapdragon 820 до април?
Следна статијаБесплатно испробај ја апликацијата Pickbox на LG Smart TV