Фото: Shutterstock.com

Повеќе од седум години по претставувањето на HDMI 2.1 стандардот, кој донесе доста потребни и барани карактеристики, HDMI Forum го најави претставувањето на наредната верзија од стандардот. 

Иако не е директно најавено дека се работи за HDMI 2.2, се верува дека ова ќе биде верзијата која ќе биде претставена. Претставувањето се очекува да се случи на почетокот од идниот месец, односно во рамките на CES 2025 саемот за технологија. 

Повеќето информации за што точно ќе донесе новиот стандард ќе ги дознаеме идниот месец. Засега само се очекуваат стандардните подобрувања, односно поддршка за повисоки резолуции и стапки на освежување, како и поголема брзина на пренос на податоци.

Се верува дека големи се шансите дека за искористување на поголемиот дел од новините, ќе мора да се користи нов кабел, но секако, промената на каблите нема да биде нешто што повеќето корисници ќе мора да го направат. 

Дел од корисниците се надеваат на целосна промена на кабелот и користење на USB-C приклучок, но мислам дека мали се шансите за ваква драстична промена. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2VideoCardz
Претходна статијаYouTube тестира можност за гласовни одговори на коментарите од страна на креаторите
Следна статијаАЕТМ: Започнаа номинациите за избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.