Германските научници тестираат вештачко сонце кое е познато под име „Synlight“, и се надеваат дека истото ќе им помогне во создавање на нови горива во иднина.

Ова вештачко сонце е создадено од 149 рефлектори. Се наоѓа на 30 километри западно од градот Келн во Германија. Рефлекторите коишто се користат се слични на оние кои се користат во филмските студија како замена за сонце за снимање на одредени сцени.

Се очекува дека доколку целата светлина која што ја произведува ова вештачко сонце се сконцентрира на одреден дел од 20 х 20 сантиметри, ќе се добие 10.000 пати повеќе соларна радијација од обичната сончева светлина.

Температурата која што може да се постигне е огромни 3.000 целзиусови степени. Оваа температура е клучна за тестирањето на нови начини на создавање водород. Знаеме дека хидрогенот сериозно се наметнува како еден од најголмите извори за енергија во иднина. Од друга страна важи за зелен извор на енергија со тоа што не ја загадува околината. Водородот го има во големи количини во вселената, но го нема во доволни количини на планетата Земја. Постои вештачки начин на создавање на водород со одвојување на кисородот од водата со помош на електрична енергија.

Ова вештачко сонце се очекува да ја зголеми ефикасноста на огромните количества на сончева енергија која што допира на површината на земјата. За почеток ќе се тестираат помали верзии во помали простории и лаборатории, додека во иднина се очекува вештачките сонца да стануваат се поголеми.

Извор: ApNewsArchive

Претходна статијаВреме е да се ажурираат 3-те закони за роботика на Исак Асимов
Следна статијаВо Сингапур се тестира првото летечко такси