Франција и САД се моментално двете земји во светот кои најавија дека ќе работат на креирање на вселенски сили, секоја со свое име и најавени активности. Франција ја најави својата „Вселенска Команда“ по најавата од САД дека ќе креираат посебна бранша во американската армија наречена „Space Force“.

Зошто баш сега им текна на овие земји да промовираат вакви активности кои се поврзани со нивните армии не е баш јасно, но е целосно очекувано и се знаеше дека „натпреварот“ помеѓу земјите ќе се префрли и во вселената, односно за почеток во орбитата.

Францускиот министер за одбрана истакнал дека тие планираат да развијат нови сателити кои треба да бидат вооружени со автоматско оружје, како и со ласери. Овие сателити би требало да бидат многу мали, ги нарекуваат нано сателити, повеќе на број и брзо да можат да бидат распоредени каде што би имало потреба.

Овие сателити, барем така се најавува, не се планирани со цел да се вршат напади на земји или други сателити. Тие наводно се планирани со дефанзивна цел, односно Франција да може да реагира доколку открие напад на нивните сателити и слични активности.

Од ова може да се заклучи дека во иднина се очекуваат обиди за уништување на сателитите на „конкурентните“ земји, со што тие почнуваат да прават планови за нивна заштита. Според меѓународни договори на земјите им е забрането вооружување на сателитите со оружје кое може да предизвика масовно уништување, како атомски бомби и слично.

Во Франција се планира издвојување повеќе милијарди за овој проект до 2025, а се очекува пуштање на ваквите сателити до 2030 година.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGallery Go е „полесна“ верзија од Google Photos наменета за послабите пазари и која работи офлајн
Следна статијаOppo го најави „waterfall screen“ за дополнително намалување на рамките од страните кај телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.