tumblr_ma1nszRSYa1r6m2leo1_1280

Системот за идентификација од наредната ганерација (NGI) зад кој стои FBI, е целосно функционален по повеќе од три години посветени на неговиот развој. Овој систем беше развиен за да ги прошири способностите за идентификација, па и да го замени постоечкиот систем за идентификација со отпечаток (IAFIS).

NGI системот се потпира на базата на податоци од отпечатоци, која веќе содржи повеќе од 100 милиони индивидуални записи и е дизајниран да вклучува повеќе форми на биометриски податоци како снимки од дланки и скенирања на очниот ирис, како додаток на отпечатоците и податоците за распознавање лица. Новиот систем ќе ги комбинира сите овие форми на податоци во одделни фајлови за индивидуи и ќе ги поврзува со лични и биографски податоци како име и презиме, домашна адреса, број од лична карта, имиграциски статус, возраст и така натаму.

Според евиденцијата овој систем до 2015 година ќе содржи повеќе од 52 милиони слики од лица. Евиденцијата открива дека базата на податоци ќе биде способна за процесирање на 55.000 директни фото записи дневно, како и спроведување на десетици илјади пребарувања во текот на секој ден.

Она што е загрижувачко е фактот дека ќе системот ќе вклучува и слики од лица кои не се поврзани со криминални дејствија, па до 2015 базата ќе содржи 4.3 милиони слики кои не се земени за криминални цели.

face-recognition-technology

NGI тимот воведува два нови сервиси како дел од целосната оперативна способност на системот, а тоа се Rap Back и IPS.

Rap Back е функционалност која им дозволува на овластените ентитети да примаат тековни известувања за било каква криминална историја која е пријавена за лица кои имаат позиција од доверба, како на пример наставници или банкарски службеници. Агенциите за спроведување на законот, како и други судски лица од областа на кривичното право, исто така ќе ја подобрат својата ефикасност така што ќе бидат известени за следните криминални активности на некое лице кое е под истрага или надзор.

Вториот новитет е контроверзната функција за препознавање на лица која е наречена Interstate Photo System (IPS). Системот за распознавање лица IPS ќе го помогне спроведувањето на законите со алатката која обезбедува способност за пребарување на слики кои се поврзани со криминални идентитети. Според објавата на FBI, оваа алатка е значаен чекор напред во користењето на биометрика за потребите на кривичната правда , но адвокатите за приватност не гледаат позитивно на неа.

Извор: Engadget, FBI

Претходна статијаПлатформа за споделување каде приватноста е на прво место
Следна статијаOpera 25 beta воведува поддршка за Linux и менаџирање на омилени страни