Со комбинирање на официјални податоци и сателитски фотографии, како и податоци кои ги поседува самата компанија, Facebook изврши успешно мапирање на популацијата на 23 држави. Мапирањето до детали го овозможи технологијата на Facebook која има способност од сателитски снимки да прави разлика помеѓу објекти и градби направени од човек и природа. Според досегашната пракса, системот работи со прецизност од неверојатни 5 метри, што е на ниво на технологиите кои се користат за воени цели.

Крајната цел на ваквиот зафат е да се обезбедат податоци за поквалитетна дистрибуција на интернет кај популацијата од мапираните региони. Ваквите чекори компанијата ги превзема целејќи кон поквалитетна и попрактична поврзаност помеѓу луѓето и квалитетна алокација на интернетот, дури и ако за тоа во иднина бидат потребни сателити или дронови. Имено, одделот за стратешки иновации при Facebook е посветен на: „Поврзување на луѓето преку стратосферата и вселената.“

Како што е познато, во последните неколку години ентузијасти како „SpaceX“, „VirginGalactic“, „Blue Origin“ и сл. го направија лансирањето на сателити во вселената доста поедноставно и поевтино, па не треба да чуди што гигант од рангот на Facebook е заинтересиран за експлоатирање на оваа технологија за сопствени цели.

Резултат на ваквите истражувања, освен мапирањето открива и некои интересни податоци кои можат да послужат како патоказ за развој на технологијата. Имено, истражувањето вели дека 99% од популацијата (се однесува на 23-те мапирани региони) живее во радиус од 63 километри од  најблискиот град. Што ќе значи дека доколку се изнајде технологија која ќе може да покрие толкав радиус со квалитетен интернет проток ќе се успее во намерата да се поврзе 99% од населението во 23-те таргетирани региони.

Извори: Engadget, Engadget 2, Facebook

Претходна статијаMercedes развива хибриден супер-автомобил од 2,5 милиони долари
Следна статијаAlcatel претстави четири нови смартфони со Android од ниската и средната класа