Користење на отпечатоци за логирање во вашите акаунти или отклучување на вашиот телефон веќе не е модерно – веќе треба да му посакаме добредојде на отклучувањето со вашето лице, иако навистина тоа беше и технологија која беше достапна пред скенерите за прсти. Независно од тоа, лансирањето на iPhone X и неговата можност за отклучување на телефонот само со лицето ќе привлечат и многу други компании да овозможат логирање со оваа можност, меѓу кои ќе биде и Facebook.

Имено, според информации од Tech Crunch, Facebook директно потврдил дека веќе тестираат опција за логирање во вашиот акаунт само со вашето лице. Како ќе функционира оваа технологија за препознавање и дали ќе го гледа лицето како 3D модел, а не како 2D слика рано е да се каже, но поради безбедност на нашите Facebook профили, јас искрено се надевам дека ќе биде тоа првото, бидејќи Facebook веќе има технологија за 2D препознавање – онаа која предложува тагнување на некој на фотографијата.

Ваквата технологија би овозможила многу побрзо влегување во профилот на корисникот, иако реалноста е дека најголемиот дел од корисниците се веќе логирани на Facebook на скоро сите свои уреди и ретко се случува да треба да го направат тоа повторно во скоро време. Затоа, оваа технологија Facebook ќе ја тестира на помал број на луѓе и само доколку се покаже како успешна и потребна, дури тогаш ќе биде лансирана за широките маси. Засега, ќе мора да се задоволите со пишување на вашата лозинка и евентуално кодот при двојна верификација.

Извор: TechCrunch, Digital Trends, The Verge

Претходна статијаДубаи ќе изгради Марсов Град на Земјата
Следна статијаSpaceX ќе ги замени сите ракети со нова, модуларна ракета