castrol-titanium-VR-video

Подгответе се за супервозбудлива трка со автомобили! Castrol, познатиот произведувач на моторни масла, соработувше блиску со Oculus Rift за да ја создадат највозбудливата трка со автомобили која сме ја виделе по подолго време.

Во нивниот проект наречен Castrol EDGE тие практично користат вистински возила како управувачи во трката т.е. играта. Двајца професионални возачи, Мет Пауерс и Бен Колинс (од Top Gear), се судрија во овој натпревар во сферата на проширена реалност. По седнувањето во возилото тие на глава си сместиле по еден Oculus Rift кој ја претвора обичната кружна патека во опасно и возбудливо ниво поставено на поле со вулканска активност.

Треба да се каже уште дека двата возачи во „вистинскиот“ живот се тркаат на две засебни идентични патеки кои се спојуваат во надградената реалност преку Oculus Rift. Натпреварот на овие одлични возачи е прилично возбудлив, а тоа што дополнително ја зголемува возбудливоста е тоа што можат да се видат меѓу себе и мораат да одбегнуваат разни виртуелни пречки.

Пауерс и Колинс се договорија за реванш, а кој победи ќе видите на видеото погоре. Ви препорачуваме да го пуштите на цел екран со слушалки – се работи за феноменално парче видео кое ја прикажува модерната технологија и нејзината способност.

Извор: TopGear, PopSci

Претходна статијаНеофицијално, Sony Xperia Z6 ќе има пет различни верзии од 4 до 6,4 инчи
Следна статијаМP4-X – Концепт-болид на иднината од McLaren за Формула 1