Американската FCC оваа недела официјално му одобри на Boeing да започне со нивниот проект за поставување на таканаречено соѕвездие од сателити во орбитата на Земјата. Овие сателити, исто како во случајот со Starlink од SpaceX, а тука се и Amazon и други компании, имаат за цел да овозможат интернет пристап во било кој дел од Земјата.

Сателитите, кои Boeing треба да започне да ги произведува, треба да бидат околу 150, а би биле поставени на висина од околу 1000 километри. За почеток е во план да се овозможи интернет пристап во САД, Порторико и Девствените Острови, но крајната цел е пристапот да биде достапен на целата планета.

Според добиената дозвола од предлогот кој е од 2017 година, Boeing има обврска да лансира половина од сателитите во наредните шест години, а целата мрежа од сателити во наредните девет години.

За споредба, Starlink планира да постави повеќе илјадници сателити во орбитата на висина од околу 500 километри. Сервисот од Starlink веќе е достапен и голем број на корисници можат да го користат.

Интересно е што од SpaceX се бунат за овозможувањето да се постават дополнителни сателити, а веќе неколку пати се избегнати судири на веќе поставените.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаNova Solutions во чекор со дигиталниот свет со иновативната апликација Hof zu Küche за германскиот пазар
Следна статијаШвајцарската програма за претприемништво (Swiss EP): ФИТР е пример за функционална владина поддршка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.