За време на Royal International Air Tattoo во Британија пред десетина дена, Airbus претстави нов футуристички концепт за авион. Тие сакаат овој концепт да ги мотивира идните инженери да го прифатат овој правец при дизајнирањето на авионите со што ќе се овозможи значително намалување на загадувањето, потрошувачката и трошоците.

Од сликата на авионот веднаш се гледа дека тој не изгледа воопшто како стандардните авиони. Од Airbus сакаат да го промовираат концептот на био-мимикрија, односно имитација на природата, поради што сметаат дека може да се добијат многу подобри резултати.

Конкретно во случајот со авион, очекувано е дека е направена имитација, односно позајмени се „концепти“ од птиците, па и самиот авион потсетува малку на орел и сокол.

Од целиот дизајн може да се видат новини кои се инспирирани од птиците. Крилата се различно поврзани со телото на авионот кое исто така е различно дизајнирано. На крајот од крилата се поставени посебно додатоци кои личат на крилата кај птиците, а посебно е интересна „опашката“ на авионот.

Овој концепт исто така промовира хибридни авиони, односно овој авион би летал со пропелери кои би имале и електричен погон.

Не би можеле да очекуваме некој ваков драстичен редизајн на авионите во блиска иднина, но Airbus ни покажува во кој правец тие размислуваат за нивните авиони, па можеме да претпоставиме што би можеле да очекуваме во наредните 20-30 години.

ИЗВОРAirbus
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei Mate X се ближи до датата на пуштање во продажба
Следна статијаКолку добро корисниците се запознаени со телефоните кои ги користат?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.