Bill-Gates_2012907b

Последните неколку години почнува подобро да се гледа во кој правец ќе оди развојот на технологијата. Тоа можеби и најдобро ќе почне да се забележува оваа и годините што следат. Вештачката интелигенција веќе е дел од голем број на производи и сервиси во нејзина почетна форма.

Оваа технологија веќе се користи во разни сервиси што ги користиме, како што е алгоритамот на Facebook за препознавање на лица и објави, тука се и персоналните асистенти на мобилните телефони. Оваа технологија се користи и во посложени производи наменети за производство, во медицината и слично.

Никој не ја спори позитивната страна на развојот на технологијата, меѓутоа се повеќе познати личности излегуваат да предупредат за потенцијалните опасности кои што може да произлезат. Ваквите предупредувања веќе одамна можеме да ги видиме во филмовите како што е на пример познатиот Terminator.

Меѓу луѓето кои што предупредуваат за потенцијалните опасности се и Elon Musk и Stephen Hawking, како и многу други научници, професори, па дури и компании како Google и слично. Веќе постои и организација која што работи на олеснување на развојот на технологијата и внимавање во кој правец ќе се движи истата, односно осигурување дека таа секогаш ќе му служи на човештвото.

На оваа, веќе не толку мала група, се приклучува и основачот на Microsoft, Bill Gates. Тој на Reddit Ask me anything сесијата која што ја одржа изминатата недела, покрај голем број на други прашања, одговори и едно поврзано со вештачката интелигенција и нејзиниот развој. Тој истакнува дека и тој е загрижен од потенцијалните опасности и е зачуден зошто повеќе луѓе не се исто така загрижени.

Јас сум во групата која што е загрижена за супер интелигенцијата. Прво машините ќе ги вршат голем дел од нашите работи за нас и нема да бидат супер интелигентни. Тоа треба да е позитивно ако го менаџираме како што треба. Меѓутоа, неколку декади подоцна интелигенцијата ќе биде доволно силна за да предизвика загриженост. Се сложувам со Elon Musk и некои други луѓе на оваа тема и не разбирам зошто некои луѓе не се загрижени.

Извор: Engadget, Washington Post

Претходна статијаThe Pirate Bay се врати онлајн, но не без обвинувања дека не е вистинскиот
Следна статијаOxygenOS – Најавена посебната Android верзија од OnePlus
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.