После Кина и Индија, Австралија е следната дестинација каде што може да падне рекордот за најголема соларна фарма во светот. Кога станува збор за Австралија, можеби е многу пологично тука да се градат соларни фарми од било кое друго место на планетава поради временските услови. Кон крајот на оваа година во регионот Riverland во Јужна Австралија ќе се гради огромна соларна фарма која се очекува да биде и најголема во светот. Оваа инвестиција ќе чини околу една милијарда долари и треба да биде пуштена во употреба до крајот на годинава.

Австралиската компанија Lyon Group е задолжена за реализација на овој проект, а ќе се гради на приватно земјиште. Lyon Group е компанија специјализирана за извори на обновлива енергија. Оваа нова соларна фарма ќе се состои од 3,4 милиони соларни панели и 1,1 милион батерии за складирање на електричната енергија. Сето ова ќе биде доволно за призводство на 330 мегавати електрчна енергија и складирање на 100 мегавати од истата. Ова ќе биде доволно за снабдување на 330.000 семејства со електрична енергија.

Капацитетот за складирање на електричната енергија добиена од соларните панели ќе ја направи оваа соларна фарма во Австралија најголема во светски рамки. Доколку капацитетот за складирање не се земе во предвид, тогаш соларната фарма во Индија е најголема со капацитет за производство на 648 мегавати електрична енергија, но од друга страна има мал капацитет за складирање на енергијата. Австралија најавува дека ова е само почеток и дека во иднина ќе се зголеми производството на обновлива енергија.

Извор: TheNextWeb

Претходна статијаДали Samsung ги реализира идеите на Apple за нивниот Galaxy S8?
Следна статијаКои се разликите меѓу Galaxy S8 и Galaxy S7 и дали вреди да надградите?