Германската автомобилска компанија Audi со цел да ја одржи својата актуелна позиција во автомобилската индустрија и да се прилагоди на новите услови на пазарот претстави коцепт за електрично возило.

Она што веднаш може да се забележи е футуристичкиот изглед на автомобилот, а она што го крие под хаубата сосема извесно го рангира во самиот врв на својата класа. Новиот Audi E-tron Sportback поседува 320 киловати моќност, со кои може да постигне брзина од 104км/ч за само 4,5 секунди. Батеријата со капацитет од 95 киловат часови ќе може да покрие дистанца од 495 километри со едно полнење. Податоците понудени се базирани на пресметки и проценки, така што веројатно во пракса истите минимално, но сепак ќе се разликуваат. Љубителите на машините на 4 тркала ќе го видат новиот модел на Audi во салоните веќе во 2019-та.

Покрај основните карактеристики новото Audi поседува и нешто што „доаѓа од иднината“. Се работи за светлечкото лого, кое иако во пракса е минорен детал, без сомневање го привлече вниманието на автомобилската јавност. Праксата на осветлување на сопственото лого е веќе видена и кај другите конкурентски компании како Mercedes-Benz и Infiniti.

Понатаму, што се однесува до ентериерот, истиот е дизајниран максимално футуристички со особен акцент на присуството на екрани на допир и ЛЕД осветлување. Осветлувањето на траекторијата на движење е исто така реализирана на нетрадиционален начин, преку дигитални проектори кои на извесен начин го мапираат патот пред возилото.

Како сите овие новитети всушност ќе се вклопат еден со друг, а и каков ќе биде нивниот севкупен перформанс во пракса, останува да видиме. Важно е да се напомене дека трката за дизајнирање и конструирање на врвен електро-автомобил само се вжештува со се поголемиот број на компании кои се приклучуваат на трката заедно со новите идеи кои допрва ќе бидат тестирани. Од друг аспект пак, се забележува зголеменото интересирање на големите компании кон создавање возило со што е можно пониска емисија на штетни гасови.

Извор: The Verge

Претходна статијаGoogle го превзема бизнисот на LinkedIn
Следна статијаGoPro Fusion е акциона камера за снимање на виртуелно видео