Денес скоро сите корисници на паметни уреди, било дали се работи за смартфони или паметни часовници, внесуваат многу информации за своето здравје во нив, многу пати и несвесно. На пример, скоро секој смартфон и паметен часовник денес ги мерат чекорите, следејќи го дневното трошење на калории.

Apple сака да го покачи ова на повисоко ниво и да ги направи достапни сите медицински записи и досиеја на клиентот, како и тоа на кои лекови и терапии е, од што е болен итн., достапни на само еден клик на нивниот iPhone или iPad. Ова може да овозможи многу полесен пристап до информациите на самиот клиент, но и уште подобро следење на неговото здравје. Замислете го како паметна електронска книшка, која во секој момент може да ви даде податоци за вашето здравје.

За таа цел, компанијата веќе почнува да работи со многу здравствени установи, со цел да се постигне единствен протокол за внесување и вчитување на податоците. Поточно, Apple сака да воспостави свој стандард во овој дел, кој би се користел само со нивните уреди.

Според внатрешни информации од компанијата, Apple планира и купување на неколку “Cloud” стартапи, со цел полесно да го стандардизира овој сектор. Тие исто така соработуваат со неколку други компании кои веќе работат на здравствената нега, како “The Argonaut Project” (работат на сличен стандардизиран систем) и “The Carin Alliance” (нивната цел е пациентот да има конечна контрола на информациите).

Apple не е единствена компанија која сака да го направи здравствениот сектор понапреден – на ова работат и други гиганти како Microsoft и Google. Сепак, потегот со соработка со здравствените центри може да се покаже како голем чекор кон подобра контрола на здравјето на корисниците на нивните уреди, нешто во кое во моментов конкуренцијата е веројатно чекор поназад.

Извор: Inferse, Mashable, Fortune

Претходна статијаБританските служби ја обвинуваат Северна Кореа за WannaCry нападот
Следна статијаMicrosoft пушти безбедносна надградба за корисниците на Windows XP, против WannaCry вирусот