Nikola Corp. е компанија од Феникс, Аризона која стана една од повеќе популарните компании, а посебно и поради името, која развива во главно камиони кои се целосно електрични и се во таканаречената „0 издувни гасови“ категорија. Јасно е дека ваквите компании ќе стануваат се повеќе популарни, а и постојните полека ги прилагодуваат своите производствени капацитети.

Оваа компанија уште е во фаза на концепти на своите возила, а во иднина планира да започне со производство. Тоа значи дека технологијата и производите се во фаза на развој, а исто така од компанијата се во фаза на барање партнери и инвеститори.

Камионите од оваа компанија покрај тоа што треба да работат на батерии, има и модели кои ќе се полнат со водород, а таков модел најавија и од Daimler Trucks, наречен Mercedes-Benz GenH2 Truck.

Берзанската компанија Hindenburg Research ги обвини Nikola за измама, односно дека даваат погрешни информации на инвеститорите. Ова не е мало обвинување, а поради тоа драстично падна вредноста на акциите на компанијата, а оставка си даде и основачот и извршен претседател на одборот на директори, Тревор Милтон.

Ова обвинување доаѓа и во време кога од Nikola склучија договор за соработка со General Motors кој подразбира сопственост над компанијата од 11%, а од GM понатаму треба и да ја користат технологијата од Nikola во своите модели.

Според некои неофицијални информации, Тревор Милтон бил уапсен од страна на FBI и Министерството за правда, но тоа останува да биде потврдено.

Од Nikola Corp. ги негираат овие обвинување и истакнуваат дека веруваат дека ова сега се случува поради нивниот договор со GM, а исто така тие обвинуваат дека на овој начин одредени инвеститори ќе имаат корист поради падот на вредноста на нивната акција.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаApple ќе воведе „mini“ ознака кај iPhone според неофицијалната објава на имињата на iPhone 12 моделите
Следна статијаЕден ден до „Unpacked for Every Fan“ од Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.