amazon_2398935b

Навикнати сме да се соблазнуваме на патентите од Apple, Google, Microsoft, IBM и слични играчи, но забораваме дека една компанија која почна како дигитална продавница се прошири на многу други дејност и патентира секакви „чуда“.

Се работи за Amazon и за еден од нивните најнови патенти, кој се бави со надградена реалност. Поточно, се работи за систем кој би го вклучиле во работа во вашата соба и тој ќе ја надгради со проекција свесна за околината.

Постои систем на проектори кои пуштаат слика врз разни предмети, па и делови од телото. Во исто време постои систем на камери кои прават „објектно следење“ преку споредување на сликата од проекторот со таа која доаѓа од собата. Преку тоа системот разбира кои предмети постојат, со кои од нив (виртуелни или вистински) манипулирате и соодветно го менува својот приказ.

amazon-ar-patent-2015-12-02-01

Amazon очигледно сака да ја претвори вашата соба во холограмски простор во кој ќе играте игри, манипулирате со компјутерски системи и едноставно ќе ја надградите својата реалност. Ваквите системи не се новост.

Ние и претходно пишувавме за зачудувачки квалитетниот систем на Microsoft, Project X-Ray,  кој овозможува да играте игри во соба со помош на HoloLense. Во патентот на Amazon позитивната разлика е што никаде не се спомнуваат очила – што значи дека системот ќе биде универзален и ќе работи секаде без потреба од дополнителна опрема.

Извор: Engadget, Forbes, Information Week

Претходна статијаMicrosoft ја олеснува надградбата на Windows 10 од 7 и 8.1
Следна статијаMicrosoft спрема Surface Phone за втората половина на 2016 година?