Airbus ги најавите своите три авиони, моментално во концепт фаза, кои ќе функционираат со новиот систем на кој работат од компанијата, наречен ZEROe, како кратенка од нула емисии. Овие авиони од компанијата се надеваат дека ќе бидат пуштени во комерцијална употреба до 2035 година, нешто што според нив ќе влијае на намалување на штетните гасови во атмосферата, за кои придонесува авиоиндустријата, да се намалат за 50%.

ZEROe се однесува на систем кој ќе користи водород како погон, односно како што објаснуваат од Airbus, се работи за хибриден систем кој ќе го користи водородот како гориво, но и како извор на енергија за придвижување на турбините, како и за пропелерите.

Како концепт се прикажани три авиони, од кои два користат класични „млазни“ мотори, кои во овој случај ќе го користат водородот како погонско гориво, додека третиот концепт е авион со пропелери.

Од двата „млазњаци“ интересен е едниот кој воопшто не наликува на денешните авиони, а можевме да го видиме само како концепт. Авионот има тело кое прераснува во крилата, со што се добива поголем простор за патниците.

Од Airbus истакнуваат дека програмата за развој на овие сега концепт авиони треба да почне до 2025 ако може да се очекува дека тие ќе бидат развиени, тестирани и спремни за продажба до 2035 година.

Исто така, од компанијата истакнуваат дека до пред 5 години тие воопшто не го сметале водородот како нешто сериозно за авиоиндустријата, но поради тоа што тој се има покажано одлично во други области, сега веќе го сметаат како клучен во развојот.

ИЗВОРAirbus
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаТом Круз ќе снима филм на Меѓународната Вселенска Станица, летот закажан за крајот на идната година
Следна статијаПрогласени се победниците на HUAWEI NEXT-IMAGE Awards 2020
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.