Целта на професионалните спортисти во светот е постојано кршење на рекордите, во кое што голем придонес имаат современите технологии и употреба на материјали во опремата која што ја користат. Со таа цел, одделот на Adidas наречен Futurecraft веќе неколку години работи на изнаоѓање решенија за создавање на нови обувки и опрема кои би биле револуционерни и би овозможиле перфоманси на највисоко ниво на оној кој ги користи.  

Од модели изработени со 3D принт, еколошки модели кои што се изработени од материјали кои целосно може да се рециклираат, до најновиот модел со кој што Адидас се пофали – патики ткаени од робот. 

Целта е секако добивање на производ кој што ќе биде полесен и со тоа ќе овозможи поголема брзина кај корисникот, но во исто време и доволно цврст и стабилен за да овозможи добра подлога за ногата. Од Адидас велат дека ова е возможно со новата технологија која ја развиле. Се работи за робот кој го ткае материјалот на патиката, но неговите можности се тоа да го прави со различни типови на конци од кои секој има различни перформанси.

Конците се поделени по бои и роботот е програмиран да ги ткае конците во зависност од делот на патиката на која што се наоѓа. На пример: црвениот конец има свои особености како што се цврстина и крутост, па соодветно на тоа ќе биде употребен повеќе во предивото околу петицата на ногата, за да обезбеди стабилност на ногата и да превенира лизгање. 

Предвидувањето е дека комбинацијата од соодветен конец, на соодветно место, треба да го даде совршениот материјал. 

Добрата вест е редукцијата во тежината на патиката, која е многу важна. Прототипот тежи 220 грама, но тоа и не е бројка која е многу помала од стандардната патика за трчање. 

Сепак пред Адидас стои голем предизвик, бидејќи моделот на Nike – Vaporfly претставува сериозна конкуренција. Освен добрите карактеристики кои ги нуди моделот, Nike добија одличен маркетинг момент со тоа што ланската година Eliud Kipchoge ги носеше токму нив на настанот кој го проследи целиот свет – успешниот подвиг за рушење на рекорд, завршување на маратон во трчање за помалку од 2 часа. 

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Adidas
Претходна статијаНовите iPhone 12 телефони не вклучуваат полнач и слушалки во кутијата
Следна статијаПретставен OnePlus 8T со 120Hz стапка на освежување на екранот и 65W брзо полнење