На прелиминарниот брифинг на Huawei за онлајн медиумите и аналитичарите во рамките на MWC Шангај 2021, Извршниот директор и претседател на Carrier бизнис групацијата, Рајан Динг го одржа централниот говор наречен „5G ја осветлува иднината“.

„2020 година беше тешка година. За време на овој период, Huawei тесно соработуваше со нашите купувачи”, го започна Динг своето обраќање. Во 2020 година, Huawei го поддржа стабилното работење на над 300 мрежи низ повеќе од 170 земји и им помогна на операторите да пружаат онлајн услуги и да го минимизираат влијанието на пандемијата врз нивниот бизнис. Работејќи со Huawei, операторите привлекоа 22 милиони нови безжични домашни корисници на широкопојасен интернет ширум светот. Благодарение на ова, луѓето можат лесно да им пристапуваат на телемедицинските услуги и да работат од дома.

5G се разви побрзо отколку што очекувавме. Повеќе од 140 комерцијални 5G мрежи беа распоредени во 59 земји. Според Динг, над 50 проценти од нив биле изградени од Huawei. Исто така, созрева и екосистемот. Во Кина, повеќе од 68 проценти од испорачаните паметни телефони во 2020 година биле 5G уреди. Повеќе од 200 5G модули и индустриски уреди сега се достапни, поддржувајќи ја примената на 5G во широкиот спектар на индустрии.

Huawei им помогна на операторите да ги изградат најдобрите мрежи. Според извештаите од трети страни за 2020 година, вклучувајќи ги IHS, P3, OpenSignal и Meqyas, најдобрите 5G мрежи во Сеул, Амстердам, Мадрид, Цирих, Хонг Конг и Ријад биле мрежи што ги изградил Huawei. Динг нагласи дека големото мрежно искуство е темел на деловниот успех и дека овие шест градови се само јаготката на шлагот во однос на иновативната соработка на Huawei со операторите. На пример, со примената на Huawei AAUs 64T64R и водечките алгоритми со повеќе антени, LG U+ постигна поголема ефикасност на спектарот и мрежно искуство за повеќе од 25 проценти подобро од останатите оператори. Благодарение на Huawei’s Blade AAU, што може да работи и во Sub3G и во C-Band, Sunrise го скрати времето за стекнување на веб-локации од 24 месеци на 6 месеци, и беше единствениот оператор со пет извонредни оценки во Швајцарија.

5G станува дел од темелните производни процеси во индустриите. Гледајќи напред, господинот Динг беше радосен во врска со перспективата за широката примена на 5G индустриските апликации во 2021 година.

5G апликациите се применети во повеќе од 20 индустрии, вклучувајќи го производството, здравството, образованието и логистиката. Динг посочи на примери во Кина каде индустриските примени на 5G веќе ја докажуваат својата вредност, како на пример рударењето на јаглен, производството на челик и таму каде што 5G го направи производството побезбедно, поинтелигентно и поефикасно. Динг нагласи дека „5G повеќе не е за раните усвојувачи, туку го подобрува нашиот секојдневен живот. Оваа 2021 година ќе биде прва година со примена на 5G индустријата во голем обем. На операторите ќе им требаат нови можности во мрежното планирање, распоредување, одржување, оптимизација и операции, со цел да постигнат „0 до 1“ и да го реплицираат успехот од 1 до многу. Huawei во текот на MWC саемот во Шангај, онлајн и офлајн одржува изложби и детални дискусии на овие теми со заинтересираните страни во индустријата. Ќе продолжиме да иновираме за да им помогнеме на нашите клиенти да ги изградат најдобрите 5G мрежи и да постигнат поголем деловен успех“.

Претходна статијаА1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“
Следна статијаРСБСП со потсетување за тоа кога и како се користи „Европски извештај“