3d-printed-blood-vessels-llnl

Напредокот во технологијата не е само во воената и забавната, како што тоа често ни изгледа. Често други гранки исто така итаат напред, а една од нив е медицината која е на неколку чекори пред вистинска револуција во повеќе области.

Една од нив е 3Д печатењето на човечки органи кое ветува прилично зголемување на квалитетот на животот, па дури и негово продолжување особено со оглед на тоа дека меѓу најзастапените причини за смртност кај луѓето се болестите на срцето и крвните органи.

Па така, во уште една вест од оваа област научниците успеаа да 3Д испечатат „живи“ крвни садови кои се однесуваат слично на биолошките. Предводникот на проектот при Лоренс Ливермор националната лабораторија, Моника Моја, изјави дека успеале користејќи 3Д печатач да испечатат структури со живи клетки и биоматеријали.

Тоа тие го постигнале користејќи т.н. „биомастило“ кое е составено од материјали прифатливи за телото. Со помош на еден процес се печати ткивото околу крвниот сад, а со друг самиот тој како цевче, па потоа овој комплекс се поврзува со природните садови за да функционира нормално. Печатењето на садовите е изведено со клетки на кои им се „кажува“ да се однесуваат како во телото и да градат нови крвни садови, па вештачките цевчиња се стекнуваат со способност да доставуваат хранливи материи поради создавањето на природни кои се надоврзуваат и стануваат дел од нив.

Засега испечатените садови изгледаат како чинија со шпагети и тимот бара начин како да ги претвори во сложени испреплетени форми налик вистинските крвни садови. Успешноста да се испечатат крвни садови ќе ја зголеми успешноста во печатење на други органи од овој систем, па дури и 3Д печатење на цело ново срце што би можело да се пресади во случај на оштетување на оригиналното на пациентот, така практично маргинализирајќи ја смртноста од срцеви заболувања.

Извор: LLNL, Engadget

Претходна статијаКинескиот производител Sunty претстави два таблети и телефон со Windows 10 Mobile
Следна статијаРецензија: Windows 10 на таблет компјутер – Вистинско освежување во сегментот