Рамката околу дисплеите на смартфоните наскоро ќе стане минатопосле Xiaomi Mi Mix и ZUK, ќерка бренд на Lenovo, извади паметен телефон без рамка од страните на дисплејот. Иако не толку импресивен како смартфонот на Xiaomi, кој нема рамка од три страни, овој паметен телефон на ZUK сепак се издвојува со прилично ниската цена, особено за тоа што го нуди.

ZUK Edge е инаку 5,5 инчен смартфон со Full HD дисплеј. Врз дисплејот има 2.5D стакло, што значи дека стаклото е благо заоблено на краевите, но не и самиот дисплеј, иако Edge во името најавува нешто такво. Сепак, рамката од страните е минимална, што дава чувство како дисплејот да лебди во воздухот кога го гледате однапред. Сето ова придонесува и за прилично мали димензии, со оглед на големината на дисплејот, а особено споредено со популарни телефони, како огромниот iPhone 7 Plus.

Останатите спецификации се исто така прилично импресивни. Процесорот е Snapdragon 821 помогнат од 4 или 6 GB рам зависно од моделот и супер брз UFS 2.0 диск за складирање податоци со капацитет од 64 GB. Овие компоненти ветуваат исклучително брза и мазна работа во оперативниот систем, како и користење на потешки апликации и играње на најновите 3D игри.

Назад, ZUK Edge е опремен со камера од 13 мегапиксели, распоредени на прилично голем сензор, позади леќа со f/2.2 бленда. Предната камера има прилично солидни 8 мегапиксели. Батеријата пак има капацитет од 3.100 mAh, што е веројатно на границата за барем цел ден користење надвор од електричната мрежа, а доколку треба да го наполните телефонот, тоа ќе биде многу брзо бидејќи тој поддржува Qualcomm QuickCharge 3.0.

ZUK Edge има и неколку други адути во ракавот, како на пример специјален аудиофилски чип Dirac HD, кој преку 3,5 mm излезот може да продуцира Hi-Fi звук. Во предниот дел, на хардверското “Home” копче е вграден и читач за отпечатоци на прстите, кој според Lenovo може да го прочита отпечатокот за само 0,09 секунди.

Цената на ZUK Edge во Кина е исклучително ниска со оглед на понудените можности и перформанси. Моделот со 4 GB рам чини 330 долари, додека оној со 6 GB рам чини 360 долари. Доколку пристигне кај нас, ова би бил прилично интересен модел за оние со поплиток џеб, кои сепак сакаат моќен смартфон од највисоката класа.

Извор: GSM Arena, 9 to 5 Google, NDTV

Претходна статијаПрви фотографии и спецификации од Android смартфоните на Nokia?
Следна статијаТим Кук порачува: Apple е посветен на десктоп компјутерите