Фото: Shutterstock.com

Нешто што најмалку една година го гледаме кај доста други производи, се најавува како можност и кај највисоката класа на смартфони. Поточно, може да се очекува зголемување на цената на овие производи, а доколку тоа не се случи, може да се очекува намалување на дел од функциите и карактеристиките. 

Кај другите производи не ретко видовме комбинација од двете, намалување на „големината“, но сепак зголемување на цената, па ќе видиме во кој правец ќе одат смартфоните, а посебно овие од највисоката класа. 

Ова како информација доаѓа од директорот на Redmi брендот кој е под Xiaomi. Тој преку Weibo истакнува дека трошоците продолжуваат да се зголемуваат, па ги прашува корисниците дали повеќе би сакале зголемување на цената или задржување на цената, но намалување на функциите. 

Ова секако не може да се гледа како нешто што сигурно ќе се случи, но сепак кога ќе се земат во предвид останатите цени, како и најавата за зголемување на цената на Snapdragon 8 Gen 4 во споредба со моменталната верзија, јасно станува дека работите сепак одат во тој правец. 

Трендот на зголемување на цените веќе го гледаме кај дел од новите смартфони кои веќе се претставени оваа година, но трендот сигурно ќе биде „потврден“ во наредните неколку месеци. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаGalaxy Watch покажува силна корелација со клиничките и спортските научни уреди во студиите на Универзитетот во Мичиген
Следна статијаKnox Приказни: Иднината на безбедноста без лозинки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.