Додека го чекаме претставувањето на уред со екран кој се превиткува од Samsung, Huawei и уште некои, Еван Блас ни прикажа видео за кое се тврди дека е од уред на Xiaomi кој ќе се превиткува на три дела.

Поточно, наместо како што досега видовме уреди кои се превиткуваат на половината, овој уред се превиткува на две места. Со ова сигурно се добива доволно голем уред кога е отворен, а повторно мал и компактен кога ќе се превитка да се користи како смартфон.

Во видеото се гледа функционален уред, меѓутоа ни самиот Еван Блас не може да гарантира за точноста на видеото, односно тој нагласува дека му е дадено видеото заедно со информацијата дека е од Xiaomi.

Повторно ќе кажам, оваа година дефинитивно ќе биде револуционерна за мобилната индустрија. Уредите ќе почнеме да ги користиме како мобилни и таблет компјутери во едно, без потреба од носење со нас на голем уред, поради можноста за превиткување.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаOra R1 е најевтиниот електричен автомобил кој ќе се продава по цена околу 10.000 долари
Следна статијаНовите екрани на Samsung за 2019 година дизајнирани за модерни работни средини и напредно “гејминг“ искуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.