xiaomi-mini-phone-leak

Apple не е пионер во лансирањето на мал смартфон со моќни спецификации – први беа Mini моделите од “Z” серијата на Sony. Сепак, iPhone бил и ќе остане трендсетерот меѓу телефоните, а доказ за тоа е информацијата дека вториот најголем кинески производител Xiaomi спрема свој мини уред со моќни перформанси, за кој ја имаме и првата протечена фотографија.

Според информациите, уредот на Xiaomi ќе има 4,3 инчен дисплеј со HD резолуција, односно 1280х720 пиксели, што е повисоко од iPhone SE и треба да резултира со поголема острина на екранот. Во внатрешноста би требало да се вградува новиот Snapdragon 820 процесор, кој со оглед на резолуцијата, не би требало да има проблеми да понуди највисоки перформанси дури и во најтешките игри и апликации.

Количината на рам меморијата ќе изнесува 3 GB, а телефонот ќе биде опремен и со 32 GB капацитет и батерија од 2.350 mAh, која делува прилично голема за телефон со овие димензии и би требал да понуди солидно траење.

Камерата треба да има 13 мегапиксели, што на хартија е повеќе од iPhone SE, но сите ние знаеме дека тоа не мора да значи дека ќе вади подобри фотографии. Мини моделот на Xiaomi ќе има и читач за отпечатоци на прстите, што е веќе стандард кај телефоните од средните и високите класи.

Онаму каде моделот на Xiaomi сигурно ќе биде подобар од iPhone SE е цената, која треба да изнесува 277 долари кога ќе биде лансиран во Кина, што е повеќе од 100 долари помалку, ако ја гледаме цената на моделот на Apple на американскиот пазар.

Извор: TechnoBuffalo, Android Headlines, GizChina

Претходна статијаПрви рецензии на Oculus Rift – најдобриот VR уред за гејмерите?
Следна статијаПредности и недостатоци на Samsung Galaxy S7