s-1

Xiaomi ја претстави новата генерација од својот Mi Note пред околу две недели. Најавен за крајот од овој месец, телефонот беше достапен за кинеските корисници од вчера. Првата серија од Mi Note била распродадена за само неколку минути од пуштањето, што ја потврдува главната позиција на Xiaomi на домашниот пазар.

Сепак, не е дадена бројката на произведени уреди во правата серија, па иако брзината на распродажба е импресивна, немаме претстава за колку голема бројка на уреди се работи. Од компанијата истакнуваат дека за телефонот се направени 220 милиони резервации, но колку од нив се продадени најверојатно ќе видиме подоцна. Наредната серија од Mi Note за кинеските корисници ќе биде достапна од почетокот на идниот месец.

Покрај првото место во Кина, Xiaomi моментално е третиот најголем производител на мобилни телефони во светот заостанувајќи зад Samsung и Apple. Минатата година од компанијата успеаја да продадат над 60 милиони уреди, а за оваа година се планира надминување на бројката од 100 милиони.

Она што ги прави популарни моделите од Xiaomi е прилично ниската цена во однос на карактеристиките на уредот. Соодветните конкурентни уреди од другите производители обично се продаваат по повисоки цени.

Најновиот Mi Note доаѓа со 5,7 инчен екран со Full HD резолуција. Вклучува Qualcomm Snapdragon 801 четири јадрен процесор кој работи на 2,5 GHz, Adreno 330 графички процесор и 3GB RAM меморија.

За Март се најавува претставување на Pro верзија од телефонот кој што ќе дојде со 2K екран, како и Snapgradon 810 64-битен чипсет и 4GB RAM меморија.

Извор: Ubergizmo, Android Central

Претходна статијаНови li-ion батерии со кевлар ќе бидат потенки и побезбедни
Следна статијаApple Watch ќе биде достапен од Април
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.