Xiaomi ги претстави нивните два најнови телефони од највисоката класа, Xiaomi 13 и 13 Pro, во декември минатата година. Од компанијата во рамките на MWC 2023 најавија дека телефоните доаѓаат и во остатокот од светот, па може да се очекуваат и во Европа од почетокот на идниот месец.

Од цените кои беа првично најавено во Кина има одредена разлика, па според информациите Xiaomi 13 треба да се продава по цена од 999 евра, додека Xiaomi 13 Pro по цена од 1299 евра. Ова е повисоко од кинеските цени и е во рамките со цените на останатите телефони на пазарот од оваа класа.

Xiaomi 13 серијата доаѓа со Snapdragon 8 Gen 2 чипот, што значи дека нема потреба да се размислува за перформансите кои ќе ги донесе за корисниците. Телефоните исто така се редизајнирани во споредба со претходните модели, па за разлика од некои од конкурентите, Xiaomi им овозможува на корисниците и дополнителна причина за надградба.

Основниот модел доаѓа со 6,36 инчен AMOLED екран со резолуција од 2400 на 1080 пиксели и 120 херци, додека Xiaomi 13 Pro со 6,73 инчен AMOLED екран со резолуција од 3200 на 1440 пиксели, како и прилагодлива стапка на освежување од 120 херци.

Повеќе за новите телефони од Xiaomi, можете да прочитате во оваа статија.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple сака нивниот часовник да се користи за следење на нивото на гликоза во крвта
Следна статијаКако еволуираше мобилната мрежа: од 2G до 5G
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.