Нешто повеќе од две години по претставувањето на новиот вид на Gorilla Glass наречен Victus, Corning ја претстави втората генерација, Gorilla Glass Victus 2.

Главната новина која се истакнува со втората генерација од Gorilla Glass Victus е подобрувањето на заштитата при пад на тврда површина. Ова е нешто што е побарано од производителите на смартфони, а и истражувањата на компанијата покажале дека овие ситуации претставуваат најголем проблем за корисниците.

Gorilla Glass Victus 2 може да издржи пад од еден метар на тврда и нерамна површина како што е бетонот. Ова подобрување, за разлика од некои претходни верзии, доаѓа беа „компромис“ на сметка на друга заштита, па новото стакло продолжува да го овозможува истото ниво на заштита од гребење како претходната генерација.

Ова може да делува како мало разочарување за некои, но подобрувањето на издржливоста на еден план, порано знаеше да значи и намалување на издржливоста на друг. Задржувањето на заштитата од гребење на исто ниво се смета за успех, а нивото кај минатата генерација веќе беше повеќе од задоволително.

Од Corning даваат споредба со конкурентните стакла, па тие не успевале да овозможат заштита повеќе од половина метар, па и помалку.

Заштитата која ја нуди Gorilla Glass Victus 2 за пад на мазна површина, останува на два метри, односно доколку на корисниците им падне телефонот од висина на главата, на површина кој е повеќе мазна од бетон, стаклото нема да има никаков проблем.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕлон Маск отиде на состанок во Apple по изјавите дека Twitter има проблеми со компанијата
Следна статијаОсновачот на Nothing направи рецензија на iPhone 14 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.