Сигурно се прашувате што е со целата „фама“ околу тоа дали, кога и кој ќе претстави смартфон со читач за отпечатоци на прсти кој е сместен под екранот. Главната причина може слободно да се каже е фактот што сите најнови и најдобри модели од производителите доаѓаат со многу мала или без воопшто рамка околу екранот.

Поради овој тренд, којшто ќе се префрли постепено и кај поевтините модели, просторот за поставување на копче и било што друго на предната страна од уредот стана невозможна, па истите се префрлени на задната страна.

Иако се работи за навидум мала работа, ситница на која корисниците може да се навикнат, јас еве се навикнав, сепак борбата за купувачи, а и модерниот начин на живот, имаат направено да секоја ситница која може да влијае на корисничкото искуство, сериозно се сфаќа.

Исто така, се работи за нова технологија која ќе може да се користи за развој на други, дополнителни можности кај смартфоните, па секако дека не чуди фактот што се дава значење на истата.

Да одговорам на првото прашање. Што е со „фамата“ која ќе биде првиот производител. Во основа се работи за маркетинг и број на продадени уреди. Технологијата е веќе достапна, па сите производители ќе ја имплементираат во своите уреди, а кој ќе биде прв на нас корисниците и не ни прави некоја разлика.

Според информациите, првиот производител кој ќе претстави ваков уред ќе биде Vivo, а не некој од поголемите како што би се очекувало. Тие во својот уред кој се’ уште нема ни име, ќе го вгради неодамна претставениот Clear ID FS9500 од Synaptics.

Меѓутоа не би се изненадиле доколку оваа информација не се оствари, со оглед на фактот што денеска исто така можевме да прочитаме дека и Samsung гледаат да ги забрзаат плановите за нивните нови S9ки, кои би требало да ја имаат оваа технологија.

Извор: Forbes, PhoneDog, TechRadar

Претходна статијаШто најмногу пребарувале корисниците во светот на Google во 2017
Следна статијаNova Launcher Prime со празнична понуда од само 99 центи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.