Vivo ќе ја претстави наредната генерација од нивната X серија, поточно X90, на 22 ноември. На таа дата од компанијата ќе одржат настан во Кина, па ќе го видиме најдоброто од компанијата за наредната година.

Vivo X90 серијата треба да дојде со три модели, односно X90, X90 Pro и X90 Pro+. Ова е веќе стандард помеѓу производителите да имаат три различни модели од највисоката класа.

Од тоа што е достапно како неофицијални информација, се очекува дека X90 ќе дојде со новиот Dimensity 9200 чип, како и избор помеѓу 8/128, 8/256 и 12/512GB меморија.

X90 Pro исто така ќе работи на Dimensity 9200, но ќе има нешто подобар избор на меморија помеѓу 8/256, 12/256 и 12/512GB.

Најдобриот во серијата, X90 Pro+ би требало да работи на Snapdragon 8 Gen 2, кој уште не е претставен и ќе има избор помеѓу 8/256, 12/256 и 12/512GB меморија.

Овој модел се очекува да го има и Sony IMX989 сензорот со големина од 1 инч, нешто што полека станува стандард кај поновите модели.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаОбјавени првите неофицијални слики од Pixel Fold на Google
Следна статијаНеофицијален пример од камерата на Galaxy S23 Ultra најавува големо подобрување на квалитетот на сликите кај оваа серија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.