Vivo во февруари оваа година го претстави својот концепт телефон APEX 2020 со главен акцент ставен кај камерата. Тоа што ја прави камерата кај APEX 2020 посебна е системот за стабилизација, кој е направен слично како држачите за камера со стабилизатор кои ја држат камерата во една позиција, независно од движењето на раката на снимателот.

Vivo станаа познати по тоа што прво претставуваат концепт телефон со некоја нова технологија, како што беше камерата која „излетува“ од внатрешноста на уредот, по што претставуваат комерцијален модел кој ја има таа технологија.

Комерцијалната верзија од APEX 2020 е X50 серијата која е составена од три телефони, односно Vivo X50, Vivo X50 Pro и Vivo X50 Pro+.

Од Vivo не ги претставија сите карактеристики на овие телефони, но познати се главните и тие кои ни ја даваат сликата за нив. Истите треба да станат достапни во продажба во втората половина од оваа година, а досега не сме запознаени дека некој ги носи кај нас, можеби повремено во мобиларите.

Системот за стабилизација на камерата е достапен само кај X50 Pro моделот, додека другите два го немаат. Камерите кај овој модел се со 48 мегапиксели кај главната камера, сензор од Sony, 8 мегапиксели кај камерата за зумирање, како и 8 мегапиксели кај камерата за сликање на широко аголни слики, а има и уште една 13 мегапикселна камера наменета за сликање на луѓе, со посебни ефекти.

Овој телефон работи на Snapdragon 765G, и јасно е дека е уред од средно високата класа чија главна карактеристика се камерите.

X50 Pro+ го нема системот за стабилизација, но затоа овој модел доаѓа со подобар Snapdragon 865 чипсет, а и подобра камера со сензор од Samsung со 50 мегапиксели и нивно подобра големина, а со тоа и квалитет на сликата во темни услови. Останатите камери се скоро исти како кај X50 Pro моделот.

ИЗВОРGSM Arena
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНЕОТЕЛ со нова понуда за малите и средни претпријатија
Следна статијаЗакерберг го бранел ставот да не се тргне објавата од Трамп во видео разговор со вработените
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.