Во рамките на North America Technology Symposium од TSMC, компанијата го претстави нивниот 1.4nm (A14) производствен процес на чипови кој ќе започне да се користи дури од 2028 година.
Едни од најголемите клиенти на TSMC се Apple, па А и М чиповите може да се очекува дека ќе бидат изработени со оваа архитектура.
Од TSMC најавуваат дека нивниот А14 процес ќе донесе 15% подобрување на перформансите на чиповите, како и до 30% помала потрошувачка на енергија.
Кога ќе се земе во предвид дека 2nm процес, кој ќе почне да се користи до крајот на оваа година донесува слични подобрувања, тоа значи дека во споредба со сегашните чипови, подобрувањето ќе изнесува до 30% кај перформансите и 60% кај заштедата на енергија.
Се истакнува дека овие подобрувања ќе придонесат кон подобро функционирање на вештачката интелигенција од самите уреди, а секако тука голем фактор е и заштедата на енергија.