За да бидете први во светот со iPhone X во рацете веројатно треба да бидете особено привилегирани. А како се заработува таа привилегија? Па, како за почеток, треба да бидете еден од само четири новинари кои имаа можност да го тестираат првиот iPhone пред 10 години. Еден од нив е Стивен Леви, кој имал можност да поигра со iPhone X и да ги објави своите први импресии за најважниот смартфон на Apple во поново време, а како новинар за Wired.

Стивен Леви е човек кој е веќе подолго време на сцената и неговите први импресии имаат тежина. Од поважните работи кои ги спомнува во текстот се подолго траење на батеријата – iPhone X може да издржи до 2 часа повеќе со пуштен дисплеј, што на Леви му овозможило траење на батеријата од цел ден. Исто така, тој го пофали целосниот дизајн и минималните димензии на телефонот, иако тој има 5,8 инчен дисплеј.

Според него, лесно е и навикнувањето на засекот на дисплејот во горниот дел, но главните проблеми доаѓаат со Face ID. Тој јавува дека отклучувањето со лицето со Face ID е супер безбедно и дека не успеал да го залаже ниту со слика од него, но од друга страна сѐ уште не нашол вистински доверлив начин како секогаш да го отклучи во вистинското време – некогаш требало и добро да погледне во него за телефонот да знае дека корисникот сака да го отклучи.

Исто така, корисникот не секогаш може да знае дали телефонот е вистински отклучен, бидејќи Face ID бара дополнителен гест со прстот за стигнување до почетниот екран, а додека корисникот го гледа заклучениот екран, не е добро обележано дали смартфонот е отклучен со Face ID или натаму е заклучен. Ова се дефинитивно дизајнерски аспекти кои Apple мора да ги преиспита.

Од друга страна, Леви има особени пофалби за дисплејот и двете камери, а според него не е предолго времето на навикнување на новиот интерфејс со гестови на прстите, иако напоменува дека менито со последни апликации до кое се стигнува со лизгање на прстот нагоре и чекање е малку тешко за активација.

Секако, ова се само први импресии од телефонот – наредниве неколку недели очекувајте стотици рецензии и видеа во кои ќе прочитате најразлични мислења за iPhone X, кои препорачувам добро да ги прочитате, бидејќи цената на овој смартфон ќе биде повисока од 1.000 евра кај нас.

Извор: Wired, 9 to 5 Mac

т

Претходна статијаIntel Optane 900P се ултра брзи SSD дискови за десктоп компјутерите
Следна статијаНовиот Skype дојде и на десктоп верзијата од апликацијата