Фото: MacRumors

Според се’ уште неофицијален план кој излезе минатата година, Apple во наредните неколку години треба да претстави iPhone кој веќе нема да има никаков исечок на екранот. iPhone кој ќе има „празен“ екран се очекува да биде претставен во наредните три или четири години.

Досега работите одат во правец на потврда на овој план, па оваа година iPhone доаѓа со Dynamic Island исечокот кај сите свои модели, исечок кој е нешто помал од претходните, а и не е поврзан со горната рамка.

За идната година според планот, но сепак 2025 според други извори, Apple планира да го „сокрие“ Face ID сензорот под екранот, по што во наредните две години на тоа ќе се приклучи и „селфи“ камерата.

Ќе видиме како ќе се менува екранот на iPhone во годините што следат, а според информации од The Elec, LG Innotek веќе има започнато со развој на потребната технологија.

Оваа компанија веќе има започнато да работи на технологијата потребна за поставување на предната камера под екранот, нешто што е потребно за целосно тргање на сите исечоци и дупки од предната страна на екраните.

Оваа технологија се очекуваше дека досега ќе биде подостапна, но можевме да ја видиме само на неколку производи, како што е Galaxy Z Fold од Samsung, но без некој посебен квалитет кој би привлекол внимание.

Главниот проблем кај оваа технологија е овозможувањето доволно светлина за сензорот од камерата кој е делумно сокриен од екранот на уредот. LG Innotek веќе имаат поднесено неколку патенти изминатите години, па се верува дека тие до почетокот на користење на технологијата од страна на Apple ќе имаат задоволителен развој на истата.

Според информациите, Apple веќе имаат добиено примероци за камера под екранот од дел од компаниите, но засега тие не биле задоволни од квалитетот на сликите.

До 2026 или 2027 има доволно време, па очекувањата се дека Apple ќе може да овозможи стандарден квалитет на селфи камерата, но истата веќе нема да се гледа на екранот.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статија​СМАРТ Балкан програмата продолжува да ги јакне капацитетите за општества со одржлив развој
Следна статијаНа финалето на првата Национална Олимпијада за Вселената млади од цела Македонија изработија експеримент „Атмосферска Извидница“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.