Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S10 модели за еден месец, односно на 20ти февруари во Сан Франциско на нивниот традиционален Unpacked настан. Досега можевме да прочитаме многу неофицијални информации, па како и секогаш верувам дека повеќето од нив се точни, па имаме добра претстава што да очекуваме идниот месец.

Тоа што досега не можевме целосно да го видиме, е изгледот на трите најавени модели. Познатиот Еван Блас, односно @evleaks, објави слики од три Galaxy S10 модели и со тоа ја продолжува серијата на информации кои одат во тој правец.

Според него, Samsung ќе ги претстави Galaxy S10E, Galaxy S10 и Galaxy S10+. Единствената разлика тука е дека најевтиниот модел ќе ја има ознаката S10E, наместо S10 lite.

Инаку од сликата може да се види Infinity-O екранот кај сите модели, како и бројот на камери кај сите посебно. Па така, S10E ќе има два камери назад и една напред, S10 ќе има три камери назад и една напред, додека S10+ ќе има три камери назад и две напред, односно вкупно пет.

Како и секогаш, не може да се знае точноста на ваквите информации, па само земаме во предвид дека Еван Блас многу ретко има згрешено досега.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаGoogle Maps ќе почне да ги прикажува ограничувањата на брзината, како и радарските контроли
Следна статијаПоддршката за Windows 10 Mobile официјално завршува на 10 декември 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.