Пред да се случи тоа што се случи со Nokia, телефоните од оваа компанија важеа за едни од најдобрите кога е во прашање камерата. Затоа сопствениците на овој бренд, кои во голем дел се поранешните вработени во Nokia, имаат голема одговорност кога е во прашање камерата на нивните нови уреди.
Затоа, веќе неколку пати можевме да прочитаме дека новата Nokia 9 ќе дојде со 5 камери на задната страна. Овие камери ќе овозможат многу повеќе детали и светлина на сликите, а се разбира тука ќе бидат ефектите кои ќе бидат овозможени од различните детали за кои ќе биде задолжена секоја од камерите.
Nokia 9 PureView “Beholder.” HNY pic.twitter.com/x4Kh3anP46
— Evan Blass (@evleaks) December 31, 2018
Познатиот Evan Blass, односно @evleaks, објави слика на која се гледа целосно како ќе изгледа оваа Nokia. Сликата изгледа е вистинска слика која ќе биде наменета за медиумите по објавувањето на телефонот.
Покрај сликата, во продолжение можете да погледнете и видео во кое се истакнати некои од карактеристиките на камерите и уредот.